Утрински Весник
Македонија

Градина од сказните во дворот на градинката „Мајски цвет“

Градина од сказните во дворот на градинката „Мајски цвет“

Скопје, 8 јуни 2019 (/) – Во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 денеска беше отворена првата Градина од сказните. Најмладите заедно со нивните наставници го уредија својот двор и ја разубавија околината, правејќи Градина од сказните и креативни катчиња кои се изработени од екоматеријали.

На настанот присуствуваа голем број деца, нивни родители и дел од воспитниот кадар од оваа предучилишна установа, а им се обрати градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Тој ја поздрави иницијативата за разубавување на дворот и подигнување на свеста кај најмладите за заштита на природата.

– Горд сум што во Карпош има деца, воспитувачи, негувателки и родители кои сакаат да избегаат од секојдневното, тековното и да бидат креативни. Вие сте белег на современото и модерното – на европски Карпош. Од мали нозе да се создава, да се креираат работи е навистина значајно и вредно, рече Богоев на отворањето на Градината од сказните каде што беше организирана и куклена претстава. хс/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии