Утрински Весник
Македонија

Градежна офанзива за асфалтирање улици во Прилеп

Градежна офанзива за асфалтирање улици во Прилеп

Прилеп, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Градските власти на Прилеп интензивно работат на подобрување на патната мрежа во прилепската урбана заедница „Чачорица“, каде беа асфалтирани пет краци од улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски“.

Според Благоја Богоески, задолжен за надзор на градежните работи асфалтирани се улици кои за прв пат стануваат урбанизирани.

– Вкупната должина на краците кои се асфалтираат е 350 метри и целата ширина која ја имаат е постигната во целост. Сега движењето по овие три краци е многу подобро и поефективно за граѓаните. Во меѓувреме, исто така, се асфалтираа и два краци од улицата „Цане Кузманоски“, во населбата „Чачорица“, наспроти Пиварницата. Таму вкупната должина е околу 280 метри, објаснува Богоески.

За жителите ова е квалитетно подобрување на животот во населбата, смета прилепчанецот Ѓоре Ширкоски

– Задоволни сме од ова што се направи, да не речам по 50 години. Одевме со чизми и во лето, а не само во зима. Конечно се изнајде сила да се направат улиците и многу сме благодарни, вели Ширкоски. ем/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран