Утрински Весник
Македонија

Грабеж во експозитуратa на НЛБ Банка во Сарај

Грабеж во експозитуратa на НЛБ Банка во Сарај

Скопје, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Вооружена група изутрината ка ограбила експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај. Нема повредени лица. Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета.

Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите.

– Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, соопштија од НЛБ Банка АД Скопје.

Средствата на клиентите се сигурни бидејќи, стои во соопштението, банката има осигурување на целиот свој имот и средства. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром