Утрински Весник
Сцена

Гори студиото во Лондон каде се снимаше серијалот за „Хари Потер“

Гори студиото во Лондон каде се снимаше серијалот за „Хари Потер“

Лондон, 12 јули 2019 (/) – Пожарникари го гасат пожарот што избувна синоќа во студиото на Ворнер Брос, во близина на Лондон, во кое беа снимени сите осум филма од серијалот „Хари Потер“. Борбата со пламенот сè уште трае, јави Си-ен-ен.

Студиото се наоѓа во месноста Ливсден, а околните жители велат дека сè почнало синоќа кога ги разбудила силна миризба од чад.

– Осумнаесет противпожарни и помошни возила во овој миг се на терен, додека пожарникарите се борат со огнот, соопштија градските власти.

Според расположливите информации, засега нема жртви.

Во тоа студио снимени се и други познати филмови – „Бетмен: Темниот витез“ и нкколку од серијалот „Човекот-пајак“. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка