Утрински Весник
Македонија

Горивата поевтинуваат до три денари

Во март зголемени увозните цени на горивата

Скопје, 10 јуни 2019 (/) – Од ноќеска на полноќ за три денари се намалуваат ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит, додека
на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 49,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намалува за 1,267 ден/кг  така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 ден/кг.

Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 4,18 проценти. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра