Струмица, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Горан Митев е победник на трката на келнери што се одржа синоќа во Струмица. Второто место го освои Дани Перов, а трет е Игор Стефановиќ. Утешна награда му припадна и на четвртопласираниот Тимче Андонов.
На најбрзите келнери им беа доделени парични награди во износ од 15, 12 и 9 илјади денари, а им ги врачи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Десеттата јубилејна трка на келнери се организираше во рамки на Струмица опен фестивал. рт/сст/