Утрински Весник
Магазин

„Гол протест“ во Њујорк против поделбите

„Гол протест“ во Њујорк против поделбите

Њујорк, 16 јуни 2019 (/) – Неколку десетици лица се собраа на њујоршкиот Тајмс Сквер, каде се соблекоа голи и ги обоија своите тела во знак на протест против поделбите во светот.

Манифестацијата ја организираше уметникот Енди Голуб, кој се прослави со сликањето по човекови тела.

Голуб организираше слични протести на Тајмс Сквер и во изминативе неколку години.

На синоќешниот протест Голуб изјави дека денес живееме во „многу поделен“ свет, додавајќи дека луѓето треба да сфатат дека имаат многу повеќе сличности, отколку разлики. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од „Сам дома“ до семеен човек! Меколи Калкин на прошетка со двата сина и свршеницата

Авторката на „Сексот и градот“ не ги добила хонорарите што ги заслужила

(Видео) Анимираниот филм за Спајдермен првиот викенд заработи трипати повеќе од својот претходник