Утрински Весник
Македонија

Голем успех на ученици од Валандово на меѓународен натпревар во САД

Голем успех на ученици од Валандово на меѓународен натпревар во САД

Гевгелија, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Валандовскиот градоначалник Перо Костадинов организираше прием за учениците Елена Гребенакова и Борис Китановиќ и за нивната менторкаТашка Гетова, по повод успехот што го постигнаа на меѓународното натпреварување Genius Olympiad одржана во Њујорк.

Учениците од СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово оствариле одличен резултат во категоријата „Наука“, промовирајќи го сопствениот иновативен производ за рециклажа на алуминиум.

Натпреварувањето промовира глобално размислување за прашања од областа на животната средина и постигнување на одржливост преку основните науки, креативно пишување, уметност, инженерство, дизајн и развој на бизнисот.

Градоначалникот Перо Костадинов им го честита успехот на учениците и нивната менторка и им посака уште многу вакви признанија на меѓународни натпревари што имаат цел да ги здружат младите од цел свет, да го извлечат максимумот од своите способности, да споделат идеи и да произведат решенија кои ќе дадат придонес во заштитата и подобрувањето на животната средина. им/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните