Утрински Весник
Македонија

Годинава помал број запишани првооделенци во Куманово

Годинава помал број запишани првооделенци во Куманово

Куманово, 18 јуни 2019 (/) – Намален е бројот на запишани првоодделенчиња во шеснаесетте основни училишта во Куманово во однос на минатата година, за 184 деца, соопштија денеска надлежните од секторот за образование од општина Куманово. Според првичните податоци досега од 1 мај запишани се 1.020 ученици, иако на списокот на новороденчиња од 2013 и јануари 2014 има 1.506 деца.

– Ова покажува дека не се ажурираат податоците од раѓањето до уписот во прво одделение, а се надеваме дека со пописот кој ќе се спроведе наредниот период ќе добиеме релевантни податоци. Извесен период регистриравме намален број на запишани првачиња, па следуваше период на стабилизација сега повторно се соочуваме со помал број запишани ученици во однос на минатата година, изјави раководителот на секторот, Жика Крстевски.

Сепак, тој се надева дека согласно праксата што се повторува изминатите години, дел од учениците ќе се запишуваат и во летото, па дури и на почетокот на септември.

Овие податоци, додава Крстевски, ќе бидат доставени и до ресорното министерство и до Советот на општината.

Втор проблем со кој се соочуваат дел од училиштата е непочитувањето на реонизацијата од страна на родителите при упис на децата. Две училишта „Толи Зордумис“ и „Вук Караџиќ“ се соочуват со недостиг на деца на сметка на централните училишта каде бројката во одредени паралелеки е доста поголема од законски предвидената.

Крстевски се надева дека со новиот закон нема да можат да се запишуваат ученици во одредени училишта каде што бројката во некои паралелеки е по 39 деца на сметка на некои училишта каде едвај се формира паралелка. Тој најави дека Државниот инспекторат ќе ја следи ситуацијата по училиштата токму во однос на запишаните ученици во некои паралелеки.

Речиси и да нема училиште во Куманово, освен централните, каде што бројката на запишани ученици се намалува. Во првото полугодие од претходната учебна година се отпишале 61 ученик, додава Крстевски и како што посочи, во училиштата има најави дека во летниот период ќе има уште отпишувања.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните