Утрински Весник
Сцена

Глумецот Камерон Бојс почина во спиење

Глумецот Камерон Бојс почина во спиење

Лос Анџелес, 8 јули 2019 (/) – Глумецот Камерон Бојс (20), кој главно учествуваше во емисии и серии на „Дизни“, вчера почина во сон. Тоа го потврди и неговото семејство.

– Со огромно жалење ви соопштуваме дека го загубивме нашиот Камерон. Почина во сон од напад поврзан со долгата и тешка болест со која се бореше, се вели во соопштението.

Своето деби, Бојс го имаше во серијата „Џеси”, а потоа глумеше и во филмовите „Око како орел”, „Потомци“ и „Возрасни”.

Последна негова улога беше во серијата „Г-ѓа Флечер” што наесен ќе се прикажува на ХБО.

Во слободно време, момчето се занимаваше и со хуманитарна работа. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка