Утрински Весник
Спорт

Гласини за оставка на Тите пред финалето на Копа Америка го потресе Бразил

Гласини за оставка на Тите пред финалето на Копа Америка го потресе Бразил

Рио де Жанеиро, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Бразилската фудбалска федерација ја демантираше веста дека националниот тренер Тите ќе ја напушти функцијата после Копа Америка.

Гласините се појавија пред финалето на Копа Америка во кое домаќинот Бразил игра против Перу и е фаворит за трофејот.

Федерацијата целосно ги отфрла информациите, за кои како е извор беше посочено блиското опкружувањена Тите.

Педесет и осум-годишниот стратег стана тренер на Бразил во јуни 2016 година. Досега, тимот под негово водство одигра 41 натпревар и победи во 33 од нив. Договорот на Тите е до 2022 година.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пеле: Ќе гледам Бразил-Јужна Кореја од болничката соба

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја

Стојковиќ: Мене Србија ме поддржува, но на некои сум им трн во око