Утрински Весник
Македонија

Генералниот секретар Николовски на маалска средба во Штип: СДСМ е со граѓаните, ги следиме нивните потреби

Генералниот секретар Николовски на маалска средба во Штип: СДСМ е со граѓаните, ги следиме нивните потреби

Скопје, 7 јули 2019 

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски заедно со Сања Лукаревска, Трајан Димковски и Благој Бочварски вчера доцна попладнето учествуваше на маалска средба со жителите на населбата 8ми ноември во Штип.

Во своето обраќање Николовски се осврна на досега спроведените мерките, реализираните проекти и политиките во интерес на граѓаните, како и за новиот систем на делување на СДСМ како партија предводник на промените.

– Драго ми е што сум денеска овде затоа што денеска е навистина посебен ден за Штип и граѓаните. Она што не и успеало досега на ниедна влада и успева на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Започнува реализацијата на проектот за изградба на брана на реката Отиња, капитален проект за Штип и штипскиот регион. Она што е особено значајно е дека изградбата на браната ќе го финансира Владата. Тоа е уште еден доказ дека сме посветени на потребите и интересите на граѓаните. Денеска се пушти во употреба и автопатот Миладиновци – Штип, претходно беа надминати сите наплатени проблеми и блокади и сега Штип е поврзан со модерен современ автопат,. За нас зборот важи, истакна Николовски.

Николовски ги посочи и останатите проекти кои во соработка меѓу локалната и централната власт се реализираат во Штип, како новата детска градинка, обновата на училиштата, локалните и регионални патишта, експерениот пат до Радовиш и дури.

Генералниот секретар Николовски посочи дека СДСМ во претстојниот период ќе ги интензивира активностите на терен и секојдневно ќе биде меѓу граѓаните со цел да се забрза напредокот и реализацијата на зацртаните мерки.

– Ваквите маалски средби ќе продолжат со сите општини, сите населени места. Не само пред избори, туку постојано ќе бидеме со граѓаните, ќе ги презентираме реализираните мерки, но и ќе ги слушаме граѓаните ќе ги следиме нивните потреби, со цел уште позасилено да работиме на реализацијата на централната и локалните програми, порача Николовски.

Присутните граѓани го поздравија новиот пристап и средбите со носителите на партиски функции. Од страна на граѓаните беа упатени прашања за неколку мерки од програмата на владата, како и прашања поврзани со работата на локалната самоуправа но и предлози и сугестии кои ги евидентираа тимовите на СДСМ.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

_____________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк