Утрински Весник
Македонија

Гевгеличани најмногу пријавуваат дефекти на уличното осветлување

Гевгеличани најмногу пријавуваат дефекти на уличното осветлување

Гевгелија,19 јуни 2019(/) – Само во текот на изминатиот месец мај, во Општина Гевгелија, биле извршени вкупно 127 интервенции на уличното осветлување, соопшти денеска надлежната служба на последната презентација на алатката Систем 48, којашто од неодамна почна да се организира еднаш месечно.

-Најголемиот број интервенции, поточно 75, беа направени во градот Гевгелија, а останатите по населените места од каде имаше барања за интервенции на уличното осветлување, рекоа од надлежната служба.

Според отчетот за работењето што го поднесоа раководителите на општинските одделенија и сектори на Јавното комунално претпријатие, изминатиот месец биле поднесени 33 барања од граѓаните од кои 16 се однесувале на дефекти на уличното осветлување, пет барања биле поднесени за инспекциски надзор,10 се однесувале на работата на „Комуналец“ а две за интервенции на локалната патна мрежа. им/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“