Утрински Весник
Спорт

Гвардиола одбил од Јувентус плата од 20 милиони евра годишно

Гвардиола одбил од Јувентус плата од 20 милиони евра годишно

Лондон, 12 јуни 2019 (/) – Тренерот на Манчестер сити, Јозеп Гвардиола, ја одбил понудата да го предводи Јувентус.

Според „Еуроспорт“, италијанскиот шампион му понудил на 48-годишниот специјалист договор со плата од повеќе од 20 милиони евра годишно.

Позицијата на тренер во Јувентус останува испразнета по заминувањето на Масимилиано Алегри.

Главниот кандидат за позицијата на новиот тренер на „бјанко-нерите“ е тренерот на Челзи, Маурицио Сари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања