Утрински Весник
Спорт

Гвардиола за Азар: Еден од најкласа фудбалерите што некогаш сум ги видел

Гвардиола пред дуелот на сезоната: Треба да бидеме совршени во секој поглед

Коста Брава, 12 јуни 2019 (/) – Тренерот нашампионот на Премиер лигата, Пеп Гвардиола, смета дека Реал Мадрид направил удар со привлекувањето на Еден Азар.

Играчот го напушти Челзи за 100 милиони евра и речиси 50 милиони потенцијални за клаузули.

– Добар договор за Реал. Ова е многу, многу, многу добар играч. Исклучително пополнување. Азар е еден од најкласа фудбалерите што некогаш сум ги видел. Во Ла Лига ќе уживаат да го гледаат, изјави менаџерот на Манчестер Сити.

Денес, Пеп учествуваше на егзибициски меч на легенди во Коста Брава во Каталонија.

Азар ќе биде официјално претставен на „Сантијаго Бернабеу“ во четвртокот во 20 часот. Претходно денес, клубот го претстави Лука Јовиќ.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев