Утрински Весник
Македонија

„ГастроМак“ годинава во Охрид, најавени околу 400 учесници

„ГастроМак“ годинава во Охрид, најавени околу 400 учесници

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Околу четиристотини натпреварувачи, судии и почесни гости ќе учествуваат на четвртиот интернационален гастрономски натпревар „ГастроМак 2019“ што ќе се одржи во Охрид, од 10 до 14 октомври.

Мотото годинава е „Don’t Worry, Be Ohrid!” („Не се грижи, биди Охрид!”).

Како што соопшти Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, преку овој голем кулинарски настан, гастрономски амбасадори од многу земји ќе го донесат светскиот гастрономски „крем” кај нас.

-Со оглед на одличните одгласи во пошироката јавност за нашите проекти од минатите година, почестени сме да ве информираме дека оваа година манифестацијата ќе ја поткренеме на уште повисоко ниво. „ГастроМак 2019“ ќе биде годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од глобални размери, а нашата земја ќе ја има честа поворно да угости великани во светската гастрономијата, познати шефови и натпреварувачи од неколку континенти, изјави претседателката на „ГастроМак“, Адријана Алачки,

Според градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, настанот има за цел да ја поттикне и унапреди гастрономската понуда и да ги промовира техниките за подготовка на храна, кои ги применуваат најпознатите светски готвачи.

-Секогаш ќе бидеме подготвени за поддршка на вакви настани кои се во насока на промоција на Охрид како туристички центар и настани кои придонесуваат за збогатување на туристичката понуда на нашиот град надвор од шпицот на летната туристичка сезона, изјави Георгиески.

„ГастроМак 2019“ е логистички поддржан од Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мртво тело најдено покрај Лепенец во Орман

Две лица ограбени во Градскиот парк

Градежник почина во зграда во изградба во Илинден