Утрински Весник
Македонија

В понеделник ќе се отвори канцеларијата за иселениците во Гостивар

В понеделник ќе се отвори канцеларијата за иселениците во Гостивар

Гостивар, 12 јули 2019 (Утрински Весник) – Општински административци до крајот на август ќе им помагаат на граѓаните околу приемот на документи и ќе даваат совети за комунални прашања. Канцеларијата ќе функционира како по едношалтерски систем дванаесет часови дневно.

Од Општина Гостивар информираа дека по повод доаѓањето на печалбарите во родниот крај од понеделник повторно ќе биде отворена „Канцеларијата на иселенците“. Таа ќе функционира во просториите на Центарот за општински услуги во приземјето на зградата секој работен ден од 8 до 20 часот сé до 7 јануари

– Отворањето на оваа канцеларија се прави со цел да им се олесни на нашите сограѓани во решавањето на административни процедури во Општината. Општинските службеници преку оваа канцеларија на иселениците ќе им помагаат за добивање на информации за општинските услуги, како и да ги се посоветуваат и до кои институции да се обратат за решавање на нивните барања, велат од Општина Гостивар.

Канцеларијата ќе биде отворена до 23 август (петок), и повторно ќе биде отоврена во декември кога печалбарите доаѓаат во родниот крај. згм/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии