Утрински Весник
Македонија

Втор протест на група граѓани кои бараат меѓународни истраги за судски процеси

Втор протест на група граѓани кои бараат меѓународни истраги за судски процеси

Тетово, 30 јуни 2019 (/) – По втор пат во Тетово се одржа протестен марш на стотина лица кои бараат меѓународна истрага за неколку судски процеси на Албанци и напуштање на политичката сцена од страна на функционерите на Демократската унија за интеграција поради содржината на аудио разговорите објавена од страна на лицето со псевдоним „Ел Чека“.

Исто како на 24 јуни, тие се собраа на улицата пред Универзитетот во Тетово околу 16 часот, по што се упатија кон Мала Речица со намера да протестираат пред седиштето на ДУИ. Полицијата го блокираше нивното движење на излезот од Тетово по што пред насобраните граѓани, барањата ги прочита Блерим Ахмеди, брат на лицето кое под псевдоним Ел Чека објавува аудио разговори на интернет. Протестот заврши околу 17 часот. ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје

Без струја делови на Аеродром, Кисела Вода и Карпош