Утрински Весник
Бизнис

Втор повик за мали грантови за НВО во рамки на проектот „КриТинк“

Втор повик за мали грантови за НВО во рамки на проектот „КриТинк“

Скопје, 19 јуни 2019 (/) – Центарот за европски стратегии-Евротинк во партнерство со Фондацијата „Метаморфозис“ во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, финансиран од ЕУ, го објавија вториот јавен повик за мали грантови за граѓански организации во партнерство со медиуми. Планирано е да бидат доделени десет грантови со износ од шест до седум илјади евра, со кои ќе се поддржат проекти наменети за секој од осумте плански региони на државата, при што во еден регион може да биде доделен и повеќе од еден грант. Повикот беше објавен на 31 март и ќе биде активен до 15 јули 2019 година до 16:00 часот.

Идејата, како што информира Филип Стојановски, програмски директор на „Метаморфозис“ е да се работи во неколку области: поттикнување на критичко размислување, зголемување на капацитетите на граѓанските организации, медиуми да работат во оваа област, како и кај граѓаните да се развијат способности со кои ќе можат да ги препознаат медиумските квалитети и да бараат поголем квалитет од самите медиуми, како основа за унапредување на слободата на изразување.

– Основната цел ни е да ја промовираме медиумската писменост бидејќи сметаме дека само граѓани што се способи да ги разберат и се соочат со медиумските манипулации и да ја разберат работата на медиумите може активно целосно да учествуваат во демократските процеси. Граѓаните кои ја немаат таа медиумска писменост се подложни на разни типови на злоупотреба од страна на медиумите или од страна на други фактори од општеството кои ги користат медиумите, вели Стојановски.

Горан Лазаров од ЕВРОТИНК информира дека периодот на спроведување на проектите не смее да биде подолг од шест месеци.

– Идејата на проектот не е да работиме како да знаат да напишат текст, туку како да знаат да ги читаат текстовите, како да препознаат дали во еден текст има елементи на пропаганда или на спин или да знаат дека треба да ги проверуваат вестите од повеќе извори, во тој поглед да се развиваат активностите, појасни Лазаров.

Додаде дека услови што мора организацијата да ги исполнува за да може да учествува во повикот е да мора да биде дел од опционите плански региони, да има јасна визија и да ги задоволува потребите на планските региони, да има јасна улога на сите партнери во иницијативата, медиумот е задолжителен, а има дел во формуларот каде треба да се објасни улогата на медиумот. мс/скс/

Информативна сесија за Програмата за мали грантови

Posted by MИА.mk on Среда, 19 јуни 2019

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски – Клајн: На власта и нудиме решение за справување со енергетската криза, но немаат слух

Ковачевски: 16 проценти повисоки пензии, новата методологија обезбедува континуиран раст

(Видео) Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои