Утрински Весник
Македонија

Второ прскање против комарци во Југоисточниот регион

Второ прскање против комарци во Југоисточниот регион

Струмица,16 јули 2019 (Утрински Весник) – Второ прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион ќе се изврши на 23 и 24 овој месец, соопштија денеска од Центарот за развој на овој регион.

– Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира второ авио-третирање против комарци за оваа година со кое се предвидени две прскања на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 7.542 хектари, се наведува во соопштението.

Во Богданци, Валандово и Дојран второто прскање е планирано да се изврши на 23 јули, вторник, во раните утрински часови, а во општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче планирано е второто прскање да се изврши на 24 јули, среда.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе наредниот ден.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регон ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во периодот на прскање.рт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра