Утрински Весник
Македонија

Времето утре ќе биде сончево со температура до 36 степени

Времето утре ќе биде сончево со температура до 36 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северо-западен и западен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, освен во петок попладне и во сабота, кога ќе има појава на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани