Утрински Весник
Македонија

Во Штип ќе се одржи интернационалниот фестивал „Астибо фест“

Во Штип ќе се одржи интернационалниот фестивал „Астибо фест“

Штип, 6 јули 2019 (Утрински Весник) – Штип по трет пат  годинава ќе биде домаќин на камерни хорови и пејачки групи во рамки на Интернационалниот фестивал Астибо фест, што  вечерва ќе се одржи во Домот на млади-Штип.

Уметничкиот директор на фестивалот „Астибо фест“, Ивана Ѓурѓевиќ-Јанков на прес-конференција информира дека и оваа година фестивалот се одржува во рамки на манифестацијата „Штипско културно лето“ (ШКЛ).

– Како уметнички директор на Астибо-фест, можам да кажам дека годинава,гости на фестивалот е хорот Распеани паланчани од Крива Паланка, женскиот камерен хор од Ќустендил, република Бугарија, секако и ние како домаќини Градскиот хор Штип. На репетоарот на нашиот хор ќе бидат застапени изворни македонски народни песни, но и популарни забавни македонски композиции. За репетоарот на гостите, засега нека остане мало изненадување за посетителите, вели Ѓурѓевиќ-Јанков.

Фестивалот под мотото „Да го вратиме културниот сјај на Штип“ ќе се одржи во просториите на Дом на млади, со почеток во 20:30 часот.вдј/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8