Утрински Весник
Македонија

Во Штип дебата за поглавјето 19 од пристапните преговори за влез во ЕУ

Во Штип дебата за поглавјето 19 од пристапните преговори за влез во ЕУ

Штип, 27 јуни 2019 (/) – Македонската комисија за Европската Комисија во Република Северна Македонија денеска со невладините, работодавците, синдикатите и универзитетските професори дебатираше за решавање на проблемите за вработување, кое е дел од поглавјето 19 од приспатните преговори за влез во ЕУ. Универзитетскиот професор, Милева Ѓуровска, национален координатор на Комисијата вели дека македонската регулатива по ова прашање треба да се усогласи со европската.

– Станува збор за тоа како да се дојде до вработување на младите, ние имаме висока стапка на невработени млади и тоа е некаде околу 55 проценти. Се обидуваме да видиме каде се вистинските проблеми за вработување на младите, за да не ја напуштат нашата држава или да се вратат назад, вели Ѓуровска.

Таа додада дека разговарано е и за социјалниот дијалог, односно како да се подобрат релациите меѓу работадавачите и работниците, но и како да се оствари поголема инклузија на маргинализираните групи, што е ,како што вели, „многу важно за евроинтеграциските процеси“.

– Денеска дискутитаме како да се усогласи работата со семејните обврски, тоа не е нова политика, но е дел од директивите на ЕУ, а на овој план државите треба сериозно да работат, не само нашата, туку и членките на ЕУ, вели Ѓуровска.

Таа забележува дека потребна е и легализација на флексибилните работни места, кои кај нас ги има, но не се регулирани во Законот за работни односи.

– Законот за работни односи е во процедура на подготовка и усвојување. Овие дебати што ги водиме во поглавјето 19, не само ние, туку и институциите даваат определени резултати и одговори, можеби од причините што процедурата за влегување на овој Закон во Собрание е малку побавен за да може да влезат сите овие прашања, забелешки, рече Ѓуровска.

Претседателот на Организација на работодавачи на Република Северна Македонија, Ангел Димитров смета дека ова е нова тема за усогласување на работата со приватниот живот на работниците не само за нашата држава, туку и за останатите членки на ЕУ.

– Малку сум разочаран, бидејќи оваа декларација се сведе на рамноправноста на мажите и жените во поглед на користењето на породилното отсуство, се воведува право на отсуство на работникот за болен член од семејството, додека балансот меѓу работата и животот е многу поширока тема. Во оваа тема се опфаќа модерниот начин на живот, можеби во оваа најзагрозени не се работниците, кои работат во фабрика, туку самовработените, самостојните вршители на дејност кои работат и по 12 часа на ден и кои доброволно не земаат одмор, бидејќи знаат и се мотивирани да заработат повеќе, вели Димитров.

Тој забележува дека во тек е изготовката на Законот за работни односи, во кој очекува да бидат вметнати нивните забелешки и предлози по овие прашања. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат

Нуркачи и кучиња трагачи се вклучени во потрагата по момчето кое исчезна во Вардар