Утрински Весник
Македонија

Во штипско се крадат пчелни семејства

Во штипско се крадат пчелни семејства

Штип, 9 јуни 2019 (/) – Штипските пчелари се соочуваат со кражби на своите пчелни семејства, алармира претседателот на Здружението „Пчелар 2014“ од Штип, Томе Тонев. Тој забележува дека најмногу се крадат пчелни семејства во Лакавичкиот регион, а пред извесно време, како што вели тој, откако на штипски пчелар му се украдени пчелите, самиот си ги нашол во скопското село Арачиново и во Гостивар.

– Имаме навистина кражби на пчелните семејства, ако има некоја шанса да се фатат крадците и да се спречат. Бараме од полицијата поголема заштита, вели Тонев.

Тој забележува дека по ваквите кражби и тие се внимателни и ја зголемуваат безбедноста.

Според статистиката на СВР-Штип во текот на оваа година регистрирана е една кржаба на пчелни семејства во штипскиот регион, додека лани имало осум, а се поднесени вкупно четири кривични пријави против крадците.

Пчеларите оваа година очекуваат да имаат добра сезона, а од сандаците да извадат и повеќе мед. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава