Утрински Весник
Македонија

Во Штипско-карбинскиот Регион превентивна акција против пожари

Во Штипско-карбинскиот Регион превентивна акција против пожари

Штип, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Во Штипско–карбинскиот Регион почна превентивна акција за  заштита од пожари. Командирот на Територијалната противпожарна единица – Штип, Тони Атанасов, вели дека акцијата ја спроведува Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој истакна дека целта на акцијата е едукација на граѓаните и за таа цел изготвени се прирачници, постери и упатства, за тоа како тие да се однесуваат кога се во шума, а земјоделците кога се на своите посеви. Забележува дека засега немаат голем број на интервенции на отворено, но традиционално ги очекуваат откако ќе заврши жетвата на јачменот и пченицата.

– Сега за сега нашата работа е рутинска, бидејќи жетвените активности се пред крај. Искуството ни наложува дека кога ќе дојде време за орање, тогаш ние се соочуваме со проблеми од опожарување на нивите и наша неминовна интервенција. Засега е мирно, вели Атанасов.

Упати и апел до земјоделците и граѓаните, да не палат оган на отворено, но и да не оставаат лесно запаливи материјали кои можат да предизвикат пожар. вдј/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра