Утрински Весник
Македонија

Во тетовско Желино татко ранил син со остар предмет

Во тетовско Желино татко ранил син со остар предмет

Тетово, 1 јули 2019 (/) – Татко со остар предмет го ранил својот син по расправија откако го нашол во друштво со друго момче во тетовско Желино. Тетовската полиција инфомира дека настанот се случил вчера после 20 часот, а повредениот е задржан на болничко лекување во Скопје.

-Таткото Ф. Р. (56) во семејна расправија со остар предмет му нанел убодна рана на синот Р. Р. (23). Според пријавеното, додека Р. Р. бил во друштво со Ф. А.(19) од село Боговиње во своето возило, наишол таткото заедно со роднината Е. Р. (31) од село Желино, по што започнала расправија па физички напад. Таткото во еден момент на расправијата го удрел синот по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. 23-годишниот син потоа е однесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“–Скопје, информираат од СВР Тетово.

Потоа на местото увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Таткото и роднината биле приведени и задржани во СВР Тетово, а по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот