Утрински Весник
Македонија

Во Тетово ќе се подобруваат дигиталните услуги за граѓаните

Во Тетово ќе се подобруваат дигиталните услуги за граѓаните

Тетово, 26 јуни 2019 (/) – Општина Тетово и Министерството за информатичко општество и администрација ќе соработуваат со цел да се унапредат можностите за обезбедување дигитални услуги за граѓаните и олеснување на секојдневните потреби на жителите на градот. Ова го најавија од општината по денешната средба на градоначалничката Теута Арифи со министерот Дамјан Манчевски.

– Продолжуваме со дигитализација на општинските услуги, како и на образовната инфраструктура. На маса е ставено и разгледувањето на модалитетот за создавање заеднички простори за обезбедување на дигитални услуги со цел да се олеснат секојдневните потреби на граѓаните. Создавањето нова дигитална платформа ќе им заштеди време на граѓаните и ќе ја олесни испораката на услугите, соопштуваат од канцеларијата за комуникации и односи со јавност при Општината.

Наскоро, според општинските власти, се очекуваат средби на работните групи на локалната самоуправа и Министерството за информатичко општество и администрација со цел да се презентираат конкретни резултати. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“