Утрински Весник
Македонија

Во тек повик за прераспределба на просторот за „Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019“

Во тек повик за прераспределба на просторот за „Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019“

Пехчево, 2 јули 2019 (/) – Во Oпштина Пехчево во тек е јавниот повик за закуп на простор на плоштадот „Св.Петар и Павле“ каде на 12 и 13 јули ќе се одржи деветото издание на „Фестивалот за дувачки оркестри Пехчево 2019“. Барањата за закуп на простор, како што информираше одговорното лице Живко Каликов, треба да бидат поднесени во просториите на локалната самоуправа.

– Во тек е повикот за прераспределбата на просторот за штандовите за скара, вкусна пехчевска храна, пиво итн., каде општината нуди 18 парцели со различна квадратура. Доделувањето на парцелите ќе се дава по фиксна цена определена, донесена со Одлука од страна на Советот на општината. Право на приоритет на добивање на локација ќе имаат сопствениците на угостителските објекти пред нивните локали. Другите локации ќе се доделуваат по принципот на слободни локации со приоритет согласно времето на пријавување и плаќање на надоместокот, вели Каликов.

Каликов истакнува дека фестивалот годинава ќе има беспрекорна организација и дека се решава и проблемот со паркинг-просторот, а во функција на фестивалот се ставени и сите сместувачки капацитети во Пехчево.

– Што се однесува до паркинзите и режимот на сообраќај ќе бидат максимално регулирани, нема да има никаков проблем во однос на паркирање на возилата и проодот за гостите до плоштадот Св.Петар и Павле каде ќе биде поставена прекрасната бина. Сакаме и да ги известиме посетителите дека во Пехчево сите сместувачки капацитети, како хотелско и приватното сместување се речиси во целост резервирани, истакна Каликов.

Ален Исламовиќ е главната ѕвезда на фестивалот кој ќе се одржи од 13 до 15 јули, а веќе е договорен и настапот на Влатко Лозаноски, како и дувачките оркестри кои се препознатлив знак на фестивалот. За Павловден, кога е празник на градот, ќе биде организиран и традиционалниот саем на ракотворби. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом