Утрински Весник
Македонија

Во струмичките средни училишта слободни се 511 места

Во струмичките средни училишта слободни се 511 места

Струмица, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – По двете пријавувања и запишувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули, во трите средни општински училишта останаа 511 слободни места.

Најмногу слободни места има во СОУУД „Димитар Влахов“ и тоа во тригодишното образование во земјоделско-ветеринарната струка, за образовниот профил поледелец нема пријавено ниту еден ученик, односно има 34 слободни места. Во хемиско-технолошката струка, за образовниот профил пекар, има 27 слободни места.

Во четиригодишното образование во ова средно училиште има 100 слободни места во образовните профили: агротехничар, техничар за фитомедицина, техничар за агроменаџмент и прехранбен техничар.

Во гимназијата „Јане Сандански“ има 135, а во СОУ „Никола Карев“ има 212 слободни места.

Од општината информираат дека учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места на 26 август за што треба да достават доказна документација. рт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот