Утрински Весник
Македонија

Во среда и четврток прскање против комарци во Скопје

Авионско прскање против комарци утре во Валандово, Дојран и Богданци

Скопје, 1 јули 2019 (/) – Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива на 3 и 4 јули, среда и четврток, во раните утрински часови.

Терестичната дезинсекција ќе почне во среда и ќе заврши најдоцна до 6 јули (сабота), од 23.00 до 04.00 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе биде спроведена првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција.

Град Скопје апелира пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј