Утрински Весник
Македонија

Во Скопје вчера санкционирани 48 возачи за пребрзо возење, тешко повреден патник во автобус

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Скопје, 16 јули 2019 (Утрински Весник) –  Патник во автобус се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 14 сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во осум со полесни повреди се здобиле 12 лица. Во пет била причинета само материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 48 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување,  шест возачи за неправилно престигнување, 17 возачи за не носење заштитен шлем, шест возачи за не користење сигурносен појас и тројца возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 74 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 69 возила.гв/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Митева: МОН платило пола милион евра за еднократна употреба на скрипти, кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа?

Приведен прилепчанец, украл трактор кој подоцна му бил вратен на сопственикот

Приведен битолчанец, кај него биле пронајдени 14 пакувања хероин