Утрински Весник
Македонија

Во Скопско казнети 77 возачи за брзо возење

Посебен сообраќаен режим поради Задушница

Скопје, 15 јуни 2019 (/) – Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје при што санкционира 77 возачи што ја пречекориле дозволената брзина (10 надвор од населено место и 67 во населено место).

На прекршителите, информираат од МВР,  поднесени им се 76 мандатни платни налози и еден прекршочен платен налог. Откриени се и 61 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 34 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што се откриени 11 возачи на мотоцикли од кои осум возеле без заштитен шлем, а  тројца без возачка потврда. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра