Утрински Весник
Македонија

Во село Црник одржана едукативна работилница за новиот закон за социјална заштита

Во село Црник одржана едукативна работилница за новиот закон за социјална заштита

Делчево, 16 јуни 2019 (/) – Со последната работилница одржана во село Црник, заврши серијата едукативни работилници, на кои се разговараше за новиот закон за социјална заштита. Работилниците, како што информираа од НВО „КХАМ“ која е организатор, освен во село Црник се спроведоа и во општините Делчево и Виница.

-Целта на овие едукативни работилници е информирање на заедницата во однос на правилата за стекнување со одредено право од социјална заштита, како и обврските по донесено позитивно решение за стекнување на право од социјална заштита. Оваа активност пробуди голем интерес кај граѓаните, кои како активни учесници, истакнаа дека една од најважните реформи со новиот закон е гарантираниот минимален приход, како и неколку други важни промени, меѓу кои и конечна дефиниција за лицата со попреченост, децентрализација на системот за социјална заштита и вклученост на општините за обезбедување сервисни служби, истакнаа од НВО „КХАМ”.

Од „КХАМ” ги повикаа сите граѓани да поднесат барања за остварување на новите права од социјалната реформа во надлежните центрите за социјални работи.

Повикот, како што дополнуваат, се однесува на сите кои што досега примале социјална помош, домаќинства со деца што се со една минимална плата, невработени родители што чувале деца со попреченост, над 62 години за жена и 64 години за маж кои не примаат пензија, лица над 65 години, кои не оствариле право на старосна пензија. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат