Крива Паланка, 27 јуни 2019 (/) – Во сабота ќе се спроведе авионско прскање против комарци на подрачјето на Општина Крива Паланка.
Од општината информираат дека на 29ти овој месец во раните утрински часови, од пет до осум часот, ќе се врши авионско прскање за заштита од комарци во Општина Крива Паланка.
-Се известуваат пчеларите во времето на прскање и три до четири часа подоцна да ги затворат кошниците со пчели и соодветно да ги заштитат пчелните семејства поради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства, посочија од општината.
Во случај на врнежи или неповолни временски услови, прскањето ќе биде одложено за следниот ден. ид/дма/