Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп силно обезбедување во центарот на градот

Рачна бомба пред кафуле во Прилеп

Прилеп, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Полицијата се уште го обезбедува централното градско подрачје, во Прилеп откако околу пладне е пронајдена експлозивна направа – рачна бомба неексплодирана, под столица крај летната бавча на кафулето „Кафе ин“ во центарот на градот.

Како што информираат од СВР Битола рачната бомба ја пронашол околу 12,10 часот, сопственикот на кафе-барот Гоце Т. и веднаш ја алармирал полицијата. Полицијата се уште го обезбедува просторот, на теренот се противпожарна единица и итната помош. Во секој момент се очекува да пристигне единицата за антитероризам од Скопје за да се констатира за што станува збор.ем/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузеска: СДСМ отсекогаш била и е на страната на државните национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржала ниту една стратешка одлука

Полициски службеник тешко повреден по пад од мотоцикл

Со фалсификувани дозволи за престој во Украина уапсени двајца турски државјани