Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп отворена е изложбата „Емоции-допир со природата“ од Александра Богоеска

Во Прилеп отворена е изложбата „Емоции-допир со природата“ од Александра Богоеска

Прилеп, 6 јули 2019 (Утрински Весник) – Во ликовната галерија во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ синоќа беше отворена изложбата на слики насловена „Емоции – допир со природата“ од прилепската уметничка Александра Богоеска. Пред прилепската публика се претставени 16 дела на Богоеска.

Според историчарот на уметност Викторија Димеска која ја отвори изложбата, Богоеска го користи симболот за сопствената природа кој е жив и динамичен носител на свесноста.

Истражувајќи и создавајќи творештво во различни и нови техники, академскиот скулптор Александра Богоеска храбро и сигурно исчекорува во сферата на ликовната уметност. Плодниот творечки опус од скулптури и мозаици, уметникот го надополнил со уметнички сликарски платна. Во ликовниот израз на Богоеска се проткајува симболизмот. Посебноста во творештвото на уметникот се согледува во умешноста на пренесувањето на интимните индивидуални, емотивни и психофизички состојби преку различен симболичен  јазик. Фигурата во творештвото на Богоеска е најчесто робустна и монументална, додека пак бојата е лирична и експресионистичка, рече Димеска.

Александра Богоеска дипломирала на ФЛУ во Скопје, Оддел скулптура, конзервација и реставрација. Има реализирано групни изложби во Македонија и во странство. Има учествувано на голем број колонии низ земјата и во Србија. Изработува скулптури, мозаици, слики. Живее и работи во Прилеп. ем/дма/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје