Утрински Весник
Македонија

Во Охрид и Битола почувствуван земјотрес со епицентар од Корча

Земјотрес во Пехчево и Берово

Скопје, 29 јуни 2019 (/) – Во Охрид и во Битола попладне во 15:01 часот е  регистриран земјотрес со интензитет од четири, односно три степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатиот дел од државата од два степена.

Епицентарот на земјотресот со Рихтерова магнитуда од 4,7 се наоѓа 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.

Земјотресот го регистрираше телеметриската сеизмолошка мрежа на државава со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. лв/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран