Утрински Весник
Спорт

Во Охрид заврши меѓународното рели „Две езера“

Во Охрид заврши меѓународното рели „Две езера“

Охрид, 2 јули 2019 (/) – Во организација на АКК Примо рејсинг изминатиот викенд во Охрид се одржа рели натпревар „Две езера“  прв во нашата земја по пауза од цели 40 години. Трките се одвиваа на планината Галичица како дел од шампионатот на Централно-Европската Зона, првенството на Србија и на Македонија.

Сервисот и целокупното рели беше стационирано на градскиот кеј во Охрид, додека релито се водеше на стариот пат за Отешево преку Галичица. Вкупната должина изнесуваше 215 км од кои 65 км беа компетитивни поделени во 4 брзински испити.

  • Целата организација ги надмина сите наши досегашни постигнувања и ангажмани пред се поради огромниот простор кој требаше да се покрие со комуникација и обучен персонал. За среќа, се мина во најдобар ред, испитот е положен и веќе одсега можеме да најавиме дека за идната година имаме искуство повеќе и многу поголем мотив за поголем број на учесници и далеку поголема конкуренција, велат од Примо рејсинг.

Од спортски аспект, трагичар на релито беше фаворитот Владица Рабреновиќ од Србија кој со своето Renault Clio R3 беше фаворит за победа возејќи го најмоќниот и најподготвениот автомобил. Очекувано, по првата етапа Рабреновиќ со неговиот совозач Ана Голиќ го поведоа релито триумфирајќи на првиот брзински испит со време од 8:17. Но, на вториот испит им се дупна гума со што загубија 4 минути за менување и водството го презеде екипажот Александар Дучиќ/Владимир Зариќ со Peugeot 208 R2.

На крајот генералниот пласман изгледаше вака:

  1. А. Дучиќ/В. Зариќ (Peugeot 208 R2)                         33:38 минути
  2. Г. Рабасовиќ/М. Јањиќ (Citroen C2 R2)                    33:49 минути
  3. Ж. Милутиновиќ/У. Лучиќ (Renault Clio Ragnotti)     33:56 минути

Од македонските претставници, во класата А, најдобар беше екипажот Христаки Давитковски/Боби Јовановски со Honda CRX, а во класата N, најдобри беа Владимир Димушевски/Бранко Гушиќ со Hundai I20 .

Вкупно учествуваа 13 екипажи. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Браќата Вилијамс го кренаа Билбао на третото место

Олимпик Марсеј на врвот на француската лига

Мусијала ги инспирираше Баерн за прекинување на лошата серија