Утрински Весник
Македонија

Во општина Гевгелија се кастри вегетацијата на локалните патишта

Во општина Гевгелија се кастри вегетацијата на локалните патишта

Гевгелија, 21 јуни 2019 (/) – Гевгелиското јавно комунално претпријатие, во делот на своите обврски за одржување на локалната патна мрежа, денеска ја стави во функција новонабавената механизација за чистење на крајпатните појаси на локалната патна мрежа.

Употребата на механизацијата почна на локалниот патен правец од Негорци до потпланинското село Кованец каде се кастреше бујната вегетација која по обилните дождови во тој регион нарасна многу и почна да го попречува нормалното одвивање на сообраќајот.

Од комуналното претпријатие потврдија дека акцијата за кастрење на крајпатната вегетација ќе продолжи и на другите локални патни правци кои веќе се загрозени, особено на оние во планинските предели кои водат кон селата Серменин, Ума, Габрово и Петрово. им/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална