Утрински Весник
Македонија

Во недела на врвот „Руен“ ќе се одржи традиционалната меѓугранична средба „Балкан без граници“

Во недела на врвот „Руен“ ќе се одржи традиционалната меѓугранична средба „Балкан без граници“

Македонска Каменица, 28 јуни 2019 (/) – Оваа недела врвот „Руен“, по триесети пат ќе ги собере љубителите на планината од Северна Македонија и Бугарија на традиционалната Меѓународна средба „Балкан без граници“.
Како што истакна Миран Митревски, претседател на еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, на настанот се очекува да пристигнат околу 2000 вљубеници во природата.
-„Балкан без граници“ е настан кој традиционално го организираме во соработка со планинарското друштво „Руен“ од Крива Паланка и туристичкото друштво „Осогово“ од Ќустендил. Ние, како Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица веќе 12 години по ред сме дел од настанот. Овој настан ќе биде еден вид обединување на околу 2.000 планинари, кои организирано ќе пристигнат на врвот од три страни. Првата група, од Македонска Каменица ќе помине 34 км, другата доаѓа од Крива Паланка, а третата тргнува од Ќустендил, Република Бугарија. Пристигнувањето на врвот Руен е планирано во 11 часот, кога и започнува средбата, вели Митревски.
За сите планинари организаторот обезбеди храна и пијалок, а за сите помагатели ќе бидат доделени благодарници.
Традиционалната средба „Балкан без граници“ е поддржана од општина Македонска Каменица и Рудник Саса. вс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава против вработена во Општина Делчево

(Видео) Ковачевски: Ја јакнеме родовата еднаквост за општество во кое жените се сигурни и економски независни

Меѓународниот ден на лицата со попреченост одбележан во Кисела Вода