Утрински Весник
Македонија

Во Куманово инфо средба за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност-КриТинк“

Во Куманово инфо средба за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност-КриТинк“

Куманово, 13 јуни 2019 (/) – Граѓанските организации од североисточниот регион, денеска во Занаетчискиот дом – Куманово имаа можност да се информираат како да аплицираат за вториот циклус грантови во партнерство со медиумите во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ на  Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии  поддржан од Европската Унија.
Конкурсот за  десетте грантови за невладините организации од осумтте плански региони е објавен на 31-ви мај, а ќе трае до 15-ти јули годинава. Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните, организациите и медиумите да креираат проекти преку кои граѓаните ќе понудат различни мислења, стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности. Медиумите и граѓанските организации ќе работат заеднички на остварување на овие цели.

 

–  Проектот има истражувачки дел со кој се собираат сите информации за потребите на граѓаните, со цел заедно со институциите да се помогне во надградување на образовниот систем и за тоа имаме соработка и со Министерство за образование и со Биро за развој на образование и со Агенцијата за медиуми,  изјави Филип Стојановски од Фондацијата „Метарморфозис“

Целта, е појаснува да се опфати целата држава и локалните специфичности, географската, културната, социјалната разновидност. Надворешното жири ќе ги оценува проектите.

-Би поддржале проекти базирани на култура на критичко мислење преку едукација за медиумска писменост. Веруваме дека и сега  граѓанските организации во партнерство со медиумите како што досега се покажа се креативни и ги задоволуваат локалните потреби, изјави Стојановски.

Од Метаморфозис истакнаа дека изминатиот циклус биле реализирани бројни активности, обуки за средношколци, граѓански организации, работа со новинари, запознавање на децата со функционирањето на медиумите.ам/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните