Утрински Весник
Македонија

Во Крива Паланка промовирана поетската книга „Патот до божјите очи“ на Оливера Станковска

Во Крива Паланка промовирана поетската книга „Патот до божјите очи“ на Оливера Станковска

Крива Паланка, 13 јуни 2019 ( /) – Во фоајето на Националната установа Центар за култура во Крива Паланка вечерва беше промовирана поетската книга на авторката Оливера Станковска насловен „Патот до божјите очи”.

Промотор на книгата беше познатиот македонски писател  и поет Борче Панов, а сонети интерпретираа поетеси од литературниот клуб „Калин“ при библиотеката на НУЦК, Крива Паланка.

– Ако знаеме дека во светската литература има само неколку врвни поети кои напишале сонетен венец, како Прешерн, Петрарка, а истите до денес се ненадминати, тогаш сите вие треба да знаете колку е важно и вредно, исклучително вредно ова издание на опеани распаќа, крстосници и знаци на „Патот до божјите очи” на Станковска. Чест е да го промовирам ова дело кое се карактеризира со специфична стегната форма, со згрната рима и стихови од кои се огледа убавата мисла на трагањето по светлината на светот, рече Панов.

Според него, оваа современа поетска книга го збогатува македонското женско писмо.

Авторката, Оливера Станковска, рече дека венецот е сплетен со чиста емоција и восклици на душата која трагајќи низ животот се пронајде себеси.

Ова е трета книга на авторката Станковска. Досега таа ги има издадено стихозбирките „Разговор со животот” во 2013 и „Во разговор со животот“ во 2017 година. Нејзината поезија е преведена на српски, англиски и арапски јазик. ид/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје