Утрински Весник
Македонија

Во Кочани претставени предлог-концептите за социјална инклузија и заштита

Во Кочани претставени предлог-концептите за социјална инклузија и заштита

Кочани, 28 јуни 2019 (/) – Во холот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани се одржа втората сесија од Форумот во заедниците, како дел од активностите во рамките на проектот на УНДП- „Зајакнување на општинските совети“.

Пред присутните беа претставени проектните идеи на тема социјална инклузија и заштита, за кои во перидот меѓу двете сесии, со претставници на работните групи беа развиени предлог-концепти, според посочените форумски правила и критериуми.

– Од работните групи формирани на првата сесија, беа претставени предлог-концептите за формирање социјален клуб, реконструкција на кров на објект од Детската градинка „Павлина Велјанова“ и забавно-рекреативен центар во кругот на ОУ „Малина Попиванова“. Презентираните концепти беа одобрени од Форумот. За идеите од првата сесија кои не се развија во предлог-концепти беа дадени образложенија и препораки до Општината, истакна Васка Драшковиќ, модераторка на Форумот.

Следната, трета сесија од вкупно четири, е најавена за септември, до кога ќе се подготвуваат предлог-проектите според образецот на Форумот. На крајот, учесниците ќе ги изберат најприоритетните проекти за кои ќе бидат наменети 50 илјади швајцарски франци.

Проектниот форум се реализира со грант што го обезбедува Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), односно амбасадата на Швајцарија, а партнерски го спроведуваат УНДП и Општина Кочани. та/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ