Утрински Весник
Македонија

Во Кичево протест поради честите прекини на струја, доставено предупредувачко барање до ЕВН

Во Кичево протест поради честите прекини на струја, доставено предупредувачко барање до ЕВН

Кичево, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Протест на населението од северно- источниот дел на општината Кичево против ЕВН-Македонија, поради честите прекини на електричната енергија. Жителите се жалат дека, при секое мало невреме или слаб дожд, остануваат без струја четири до пет часови.
Делегација од девет месни заедници од овој регион денеска достави протесно барање до ЕВН-Македонија подружница во Кичево.
-На ваков чекор се одлучивме, бидеќи ова стана неиздржливо. При секој прекин на струјата имаме големи последици по куќните апарати, вели Иса Незири, преседател на месната заедница во село Србица.
Тој истакна дека протесното барање е предупредување, бидеќе ако не се преземат мерки да се подобри ситуацијата со снабдувањето на електрична енергија на регионот, кој има над 90 проценти редовна наплата, ќе бидат преземени мерки.рз/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници