Утрински Весник
Македонија

Во Кичево ново паркинг-место за такси-комбињата

Во Кичево ново паркинг-место за такси-комбињата

Кичево, 6 јули 2019 (Утрински Весник) – Такси – комбињата во Општина Кичево ќе се паркираат надвор од градската чаршија, на улицата „Љубица Богеска”, спроти комплексот „Арабела”, одлучи Советот на последната седница.

Советниците со мнозинство гласови го прифатија барањето на сопствениците на дуќаните од улицата „Маршал Тито” во чаршијата за дислокација на паркинг- местото на такси-комбињата.

-Постапуваќи по одлуката на Советот, Општината одреди нова локација за паркирање на оваа категорија такси-возила, која стапува во сила веднаш, информираа Секторот за односи со јавност на Општина Кичево. рз/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“