Утрински Весник
Македонија

Во Карпош пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж

Во Карпош пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж

Скопје, 20 јуни 2019 (/) – Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото во Карпош, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж.

Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, соопштија од ЈО, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на станот во кој престојувало лицето и на неговиот автомобил.

Истовремено, ќе биде обезбедена и целокупната медицинска документација за починатото лице. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата