Утрински Весник
Македонија

Во Кавадарци одбележани 125 години од формирањето на првиот комитет на ВМОРО, после солунскиот

Во Кавадарци одбележани 125 години од формирањето на првиот комитет на ВМОРО, после солунскиот

Кавадарци, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Во Кавадарци денеска беа одбележани 125 години од формирањето на првиот комитет на ВМОРО, после солунскиот. Цвеќе беше положено на спомен плочата во центарот на градот.

Историчарот Марија Михова од кавадаречкиот музеј даде историски осврт на формирањето на комитетот, нагласувајќи дека сите останати комитети во земјава  биле формирани подоцна.

Во првиот состав влегле неколкумина истакнати кавадарчани. Пане Иванов, кој бил избран за претседател,  а за членови биле избрани Иванче Минчев-чиновник и учител, Јованче Велков-трговец и Јанаќи Илиев Ќурчиев-трговец и кожувар.

Во комитетот на ВМОРО влегле и Тодор Поп Андов, Лазо Сојтериев, Коцо Јорданов, Зарко Димов, Трајче Дубров и Пано Поцев.свд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран