Утрински Весник
Македонија

Во Делчево одбележан летниот празник Св. Наум Охридски Чудотворец

Во Делчево одбележан летниот празник Св. Наум Охридски Чудотворец

Делчево, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Летниот празник на Свети Наум Охридски Чудотворец, денеска во Делчево беше одбележан со света арихерејска и божествена литургија со која чининачалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион. Богослужбата се одржа во крстилницата посветена токму на „Св.Наум“, која како дел од големата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево е осветена во 2013 година и од тогаш до денес во неа секоја година се служи литургија во чест на ученикот на сесловенските браќа.

Честитајки им го празникот на верниците, Митрополитот Брегалнички г. Иларион им се заблагодари на сите благочествиви луѓе, кои помогнаа, големиот храм посветен на сесловенските апостоли „Св.Кирил и Методиј“, да почне да се гради.
-Посакувам Свети Наум да ги заштитува и да ги пази сите луѓе коишто живеат овде во татковината и насекаде во светот. Овој храм кој што беше предвиден за крстилница е посветен на Преподобен Свети Наум Охридски Чудотворец и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите добронамерни луѓе, кои еве после толку години, помогнаа големиот храм посветен на сесловенските просветители кои најпрво крштеваа на река Брегалница, да почне да се довршува. Се надевам дека брзо ќе го осветиме и ќе биде еден велелепен храм и украс на Делчево, истакна г.Иларион.
Владиката Иларион денеска ја освети и новата црковна продавница која се наоѓа во состав на крстилницата Св.Наум. Граѓаните со пофални зборови за новата црковна продавница.
-Многу убаво опремено, можеме да купиме црковни работи кои порано не можевме да ги најдеме во Делчево, така што благодарност до свештениците кои овозможија и Делчево да добие една ваква црковна продавница, истакна Софче Стефановска.
Досега во крстилницата се служеа литургии само во чест на Св.Наум Охридски Чудотворец, а од денеска, како што истакнаа од делчевското свештенство во црквата ќе се служат богослужби и за сите останати празници кои порано се служеа во старата црква „Успение на Пресвета Богородица“. вс/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија