Утрински Весник
Македонија

Во германската Влада нема дилеми околу ЕУ перспективите на Северна Македонија

Во германската Влада нема дилеми околу ЕУ перспективите на Северна Македонија

Скопје, 14 јуни 2019 (/) – Во Берлин веќе нема дилеми околу напредокот на Северна Македонија кон ЕУ. Се поизвесно е дека Албанија, поради политичката криза, ќе отпадне од пакетот, пишува германската новинска агенција ДПА.

Како што објави денеска Дојче веле на македонски јазик, и покрај критиките од конзервативната ЦДУ, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и натаму се залага за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Притоа тој наведува дека одлука на таа тема нема да биде донесена на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ следната недела.

– Сакаме да бидат отворени пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, изјави политичарот од редовите на германските социјалдемократи во четвртокот.

Со оглед на отпорот на Франција кон таквиот чекор, Мас вели дека може и подоцна да се одлучи кога ќе се отвори можност да се убедат и скептичните држави.

Заменик-шефот на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот, Јохан Вадефул вели дека без оглед на ваквите ставови, Парламентот дури на крајот на септември ќе и даде зелено светло на Владата.
Тој искажува сомнеж дали Албанија, со оглед на внатрешно-политичките превирања, навистина е подготвена за почеток на преговори. Мас, пак, посочува на позитивното мислење на Европската комисија.

Холандскиот Парламент во средата се изјасни за почеток на преговори со Северна Македонија, но не и со Албанија. Конечната одлука, ЕУ ќе ја донесе во октомври.

Канцеларката Ангела Меркел во четвртокот се сретна со премиерот Зоран Заев во Берлин. Позитивно изјаснување за оваа земја во германската влада е неспорно, затоа што Владата во Скопје го реши деценискиот спор со Грција и прифати промена на државното име, пишува агенцијата ДПА. мд/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“