Утрински Весник
Македонија

Во вторник и среда ќе се прска против комарци во Македонска Каменица

Во вторник и среда ќе се прска против комарци во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Во вторник и среда во Македонска Каменица ќе се спроведе авионско и теристичко прскање против комарци.
– Во вторник, на 9-ти јули, во периодот помеѓу 22:00 и 24:00 часот ќе биде извршено теристичкото прскање против комарци во градската средина на општина Македонска Каменица. Прскањето ќе го спроведат екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово, кои наредниот ден во среда на 10 јули, ќе спроведат и авиотретирање против комарци. Активноста ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци, широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови, информираат од општината.
Оттаму додаваат дека граѓаните кои одгледуваат пчели е потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
Со дезинсекцијата, како што е планирано, ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Македонска Каменица, локалитети со застојни водени површини како и урбани населби.
При несоодветни временски услови, третирањето против комарци, ќе се одложи за следниот поволен ден. вс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ-Ќучук: Низ соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете земји

Маричиќ: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ-закони, тоа се промени во функционирањето на институциите

(Видео) Спасовски: 45 години високо образование за безбедност, со научни резултати до заеднички одговор на безбедносните предизвици